Голем предизвик на Спортска прогноза: Кој има поголема шанса за титулите во Англија и Германија?

Нема застанување кога е во прашање Спортска прогноза во соработка со Sport Life обложувалниците. По возбудливото деветто коло, во кое за малку не беше освоена главната премија мобилен телефон IPhone XS, веќе се познати двојките за 13-те натпревари во јубилејното 10-то коло за оваа сезона.

Од понудените парови за Среќна 13-ка , најголемо внимание предизвикуваат дерби-дуелите во Англија и Германија. Ливерпул, кој е речиси перфектен и има 10 победи и само едно реми, на „Енфилд роуд“ ќе игра против актуелниот првак во Премиер лигата, Манчестер сити.

Според актуелната ситуација на табелата, токму овие два клуба и сезонава ќе бидат во трка за тронот. Ливерпул веќе 30 години чека да се израдува на пехарот во првенството, а за да покаже дека има шампионски тим, ќе треба да ги победи Граѓаните.

Баерн Минхен и Борусија Дортмунд се клубовите кои доминираат во Бундеслигата во последните неколку години, па затоа мечот на „Алијанц арената“ е посебно атрактивен. Борусија Менхенгладбах моментно е лидер во германското првенство, но секако дека Баерн и Милионерите остануваат главни фаворити за тронот.

За освојување на „ајфонот“ во тековното коло, треба да се погодат сите 13 мечеви од понудата на бесплатната игра. Дури и да се биде на чекор или два од Среќна 13-ка, има подготвено подароци за најдобрите. За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life обложувалниците, додека 11-ка носи ваучер од 500 денари.

Новото коло на Спортска прогноза започна и затоа не чекајте, прогнозирајте!

- Оглас -

Најнови вести