Голем проблем за Милвоки: Се повреди Адетокумбо, ќе го пропушти стартот на плејофот

Милвоки бакс го победи најдобриот тим во лигата, Бостон селтикс, но плати скапа цена за овој успех. Првата ѕвезда на Милвоки, Јанис Адетокумбо се повреди, а првичната прогноза беше дека не е ништо посебно сериозно.

Сепак, по направените лекарски прегледи, било потврдено дека Јанис има посериозна повреда на Ахиловата тетива. Среќа во несреќа е дека поминал само со оштетивање на мускулните влакна на левата нога.

Прогнозите велат дека Јанис ќе мора да мирува меѓу две и четири недели, што значи дека првата ѕвезда на Милвоки нема да биде во тимот до крајот на регуларниот дел, но ќе го пропушти најмалку стартот на плејофот, кој стартува следната недела.

Според сегашниот распоред на табелата на Истокот, Милвоки во првото коло може да игра против некој од ривали како што се Мајами, Филаделфија и Индијана.

- Оглас -

Најнови вести