Голем проблем за Швеѓаните, им се повреди главниот шпиц, нема да игра против Србија и Словенија

Голем проблем имаат Швеѓаните пред одигрувањето на двете последни рунди во Сегментот Б од Лигата на нациите, а им се повреди главниот шпиц, Александер Исак.

Играчот на Њукасл буквално се повреди на последниот тренинг пред патот за Србија и го напушти кампот на репрезентацијата, што значи дека нема да патува и да игра во Белград, ниту потоа во Солна на домашен терен со Словенија.

Шведска нема шанси за првото место во четвртата група од Сегментот Б во Лигата на нациите, но е во опасност да испадне.

Пред почетокот на двете последни рунди, Шведска е претпоследна во четвртата група од Сегментот Б со 3 бода, само пред Словенија со два, а зад Норвешка со 10 и Србија со 7 бода.

Последнопласираната репрезентација ќе испадне и следниот циклус во Лигата на нациите ќе го игра во Сегментот Ц.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести