Се премолчува голем скандал – Паје играл за Марсеј против ПАОК со позитивен допинг-тест

Грчките медиуми објавија голем скандал за којшто најавуваат дека УЕФА сака да го премолчи и според досегашното сценарио, тоа и се случува.

Една од големите ѕвезди на Олимпик Марсеј, Димитри Паје паднал на допинг-тест во Париз само нљ 24 часа пред првиот дуел против ПАОК во четвртфиналето во Конференциската лига на УЕФА.

Тоа, според Грците, било премолчано во Франција, па Паје играше и на двата меча, на 7 април во Марсеј и во реваншот една седмица подоцна во Солун.

Интересно е што Паје постигна по еден гол на двата меча, во победата од 2:1 на домашен терен и потоа на гости во триумфот на францускиот тим со 1:0.

„Не знаеме зошто се молчи за допинг-скандалот на Паје. Па тој дури и играше на двата меча, што е преседан. Како што постапува УЕФА, мали се шансите Марсеј и играчот да бидат казнети, што е срамна постапка“, пишуваат грчките медиуми.

Марсеј веќе се подготвува за полуфиналниот двомеч против Феенорд на 28 април и на петти мај во премиерното издание на Конференциската лига на УЕФА.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести