Голем удар за Динамо: Без Македонецот во дербито против Хајдук

Екипата на Динамо Загреб се соочува со проблеми во пресрет на дерби-дуелот против Хајдук во недела. Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија и столб на одбраната на загрепчани, Стефан Ристовски, повторно нема да биде дел од составот на тренерот Јакировиќ поради повреда.

Ова ќе биде трет натпревар во серија на којшто Ристовски нема да настапи. Сепак, на хрватското дерби се очекува да настапат останатите двајца Македонци, Аријан Адеми за Динамо и Александар Трајковски за Хајдук.

Хајдук и Динамо во недела ќе го одиграат третиот меѓусебен натпревар оваа сезона. Во Супер купот победи Динамо со 1-0, додека во првото коло од хрватското првенство Хајдук забележа голема победа од 1-2 на Максимир.

- Оглас -

Најнови вести