Голема чест за Лаури, Торонто ќе го повлече неговиот дрес од употреба

Кајл Лаури иако е во ветеранските 36 години, си обезбеди богат договор со преселбата во Мајами хит каде што во наредните три години му се гарантирани 85 милиони долари.

Плејмејкерот кој речиси една деценија беше главна фигура во Торонто и го предводеше тимот заедно со Кавај Ленард до единствената титула во НБА освоена во сезоната 2018/19, нема да биде заборавен од Репторси.

Од таборот на Торонто потврдија дека ќе го повлечат неговиот дрес со бројот 7 од употреба, штом Лаури означи крај на кариерата. Тој ќе биде првиот кошаркар на оваа екипа со таква чест, неговиот дрес да виси од плафонот на „Скотјабенк арената“.

Со тоа ќе стане најдобриот кошаркар во историјата на Торонто, а Лаури покрај освоената титула ги претставуваше Репторси на шест Ол-стар меча, а еднаш се најде и во третата најдобра петорка во лигата.

- Оглас -

Најнови вести