Голема мистерија околу мечот Ѓоковиќ-Раониќ

Новак Ѓоковиќ веројатно до последен момент ќе чека пред да одлучи дали да игра или не против Милош Раониќ во осминафиналето на Отвореното првенство на Австралија, а организаторите малку му помогнаа со тоа што му дадоа време и средбата ја закажаа за последниот утрешен термин, во 10.30 часот по средноевропско време.

Ѓоковиќ стравува дека има скинат стомачен мускул и тоа го попречи вчера да одигра нормално против Американецот Тејлор Фриц, но најдобриот тенисер на светот, на чудесен начин се извлече и успеа да победи со 3-2 во сетови. Има и такви (како Стефанос Циципас) кои не е убедени дека Новак е повреден, со оглед на тоа што не се предаде, туку победи против Фриц.

Доколку на снимките се утврди дека повредата е сериозна, 33-годишниот Ѓоковиќ ќе го предаде мечот против црногорскиот Канаѓанец, но можеби и ќе успее да закрепне доволно за да може да игра.

Во осминафиналето се пласираше Рафаел Надал кој во три сета славеше против Британецот Камерон Нори. Противник на Надал ќе му биде 16-тиот носител Фабио Фоњини.

- Оглас -

Најнови вести