Голема победа на Палестина, селекцијата е на чекор од место во баражот за СП 2026

Фудбалската репрезентација на Палестина забележа многу важна победа на гостувањето кај Кувајт. Палестина постигна по еден гол во двете полувремиња и се радуваше на триумф од 2:0, па по девет кола стигна до девет бодови.

Во последното 10 коло Палестина ќе биде домаќин на Оман во директен дуел на екипи кои се борат за место во баражот за СП 2026. Оман има 10 бодови и доволно е да одигра нерешено, додека Палестина мора да брка триумф.

Оваа репрезентација никогаш досега не била дел од планетарниот собир, а по победата над Кувајт, нивниот сон уште е актуелен.

- Оглас -

Најнови вести