Голема провокација: Со српско знаме прошета низ толпа хрватски навивачи

Унгарската полиција спречи инцидент меѓу хрватски и српски навивачи. Голем број на хрватски фанови заминаа во Унгарија да ја бодрат својата репрезентација на дуелот против домашната селекција, во рамките од квалификациите за ЕП 2020.

Иако досега немаше никакви инциденти, малку фалеше непланирано, во целата ситуација да се вмешаат и српски навивачи. Додека „коцкестите“ седеа во центарот на градот, наеднаш се појави момче кое на половината имаше врзано српско знаме, а со себе имаше и кошаркарска топка.

Хрватските навивачи најпрво збунето го гледаа, а потоа дел од нив решија да реагираат. Тргнаа кон момчето со српско знаме, но тогаш реагираше унгарската полиција и спречи инцидент.

 

 

- Оглас -

Најнови вести