Голема штета: Еден гол не донесе голема добивка во Муртино

Обложувач од Муртино немаше среќа и само поради еден гол, остана без убава добивка од 52,741 денари нето.

Обложувачот одиграл пет натпревари на тикет, но направи квота од 3.102 играјќи игри на голови и на полувреме-крај и тикетот го уплати за 20 денари во Sport Life.

Тој немаше среќа на натпреварот меѓу Албасете и Алавес од втората шпанска лига каде му недостасуваше еден гол, одигра дека двата тима ќе дадат по еден гол во првото полувреме. Албасете постигна гол во 39-та минута, но Алавес не успеа да го стори истото и го остави обложувачот од Муртино без убава добивка.

Обложувачот погоди дека Академија Пандев и Силекс, на мечот кој се играше во Струмица, ќе дадат барем по еден гол во првото полувреме и на таков исход чекаше само 11 минути.

Идентична игра одигра и за дуелот од втората германска лига меѓу Падерборн и Хајденхајм и тука исто така немаше проблем. Погоди и дека Хамбургер ќе слави на гости против Јанг Регенбург (5:1), како и Севиља дека ќе ги освои бодовите на гостувањето кај Ваљадолид и притоа на полувреме ќе биде нерешено. Севиља трите гола кои и ја донесоа победата го постигна во вториот дел.

Но, остана покус за еден гол на дуелот меѓу Албасете и Алавес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести