Голема трагедија во Србија – Почина трикратна европска шампионка

Голема трагедија се случи во Србија, а на 31-годишна возраст почина Бобана Момчиловиќ Величковиќ, трикратна европска шампионка.

Бобана, која е актуелен првак на Стариот континент во стрелаштво во категоријата Воздушен пиштол на 10 метри имала компликации при породувањето пред двесеттина дена.

Ситуацијата дополнително се закомплицирала во последните неколку денови и за жал докторите не успеаа да и го спасат животот.

„Беше голем борец, но за жал најважната животна битка ја загуби денеска“, објавија од Стрелачкиот сојуз на Србија.

Бобана има три златни медали во стрелаштво на Европските првенства и е една од најдобрите и најпознатите во овој спорт на светот.

- Оглас -

Најнови вести