Гигантите и Премиерот на Португалија одлучуваа за судбината на фудбалот, останатите клубови се бесни

Португалија тешко ги менува навиките, а тројката фудбалски гиганти уште еднаш ја презентираа својата моќ во однос на останатите клубови.

Премиерот на Португалија, Антонио Коста, ги покани само претставниците на Бенфика, Порто и Спортинг на состанокот на кој се разговараше за моделите како и кога да се продолжи прекината сезона во најквалитетната фудбалска лига во земјата.

Трите гиганти заедно имаат неверојатни 83 од вкупно 85 титули во Португалија. Само Белененсеш и Боавишта биле по еднаш шампиони на Португалија, сè останато е распределено на Бенфика со 37 круни, Порто со 28 и Спортинг, кој има 18 пехари.

Останатите клубови остро реагираа на одлуката на Премиерот да ги повика само претставниците на големата тројка, а Брага има и интересен аргумент.

„До прекинот ние моментно сме третопласирана екипа во шампионатот, имавме одлична европска сезона и, за чудо, од Власта заборавија да нè повикаат на состанокот. Требаше барем малку повеќе почит и за Брага и за останатите клубови“, изјави Антонио Салвадор, претседателот на Брага.

Премиерот Антонио Коста, но и претставниците на Бенфика, Спортинг и Порто се оптимисти дека сезоната ќе се доигра, иако немаше посебен заклучок на состанокот што се одржа вчера.

- Оглас -

Најнови вести