Големата утка на Кварацхелија најдобро опишува каква сезона има Наполи (Видео)

Наполи после поразот вечерва во Торино, има огромно бодовно заостанување зад Јувентус и Интер, и како што стојат работите, оваа сезона нема да го повтори успехот од минатата кога освои Скудето во Серија А.

Во минатата сезона наполитанците со Лучано Спалети на клупата газеа, но оваа сезона не им оди. После само 15 кола, тимот на Елиф Елмас веќе има дури пет порази, а во целата претходна сезона во 38 кола имаа вкупно четири порази.

Наполи го смени и тренерот Руди Гарсија, го донесоа Валтер Мацари, но и тоа не носи резултат. Со Гарсија никогаш немаа два порази по ред, со Мацари имаат, имаат и три порази во последните четири кола.

Вечерва Хвича Кварацхелија имаше 100 отстотна шанса, но не ја искористи. Грузиецот воодушевуваше со игрите лани, го доби и прекарот Кварадона, но сезонава тој е многу далеку, не само од големиот Марадона туку и од својата најдобра верзија.

Ова е утката која ги фрли во очај наполитанците:

https://twitter.com/i/status/1733218593146347692

- Оглас -

Најнови вести