Големи тензии и закани на мерењето на Џошуа и Пулев, за малку ќе летаа боксови (Видео)

Ентони Џошуа утревечер во „Вембли арената“ во Лондон (ќе има 1.000 гледачи) ќе ја брани светската титула во бокс во тешка категорија против бугарскиот ветеран Кубрат Пулев, а по денешното мерење, тензиите пораснаа до точка на зовривање и малку фалеше да се случи голема тепачка. Боксерите кои имаат по 108 килограми, од неколку сантиметри оддалеченост си разменија навреди и закани.

Џошуа од борбата ќе заработи над 15 милиони фунти, а иако Пулев ќе земе „само“ 4 милиони фунти, тоа за него е најголема сума која ќе ја добие во кариерата. Кобрата имаше еден неуспешен обид да стане светски првак кога во 2014 беше нокаутиран од Владимир Кличко.

„Сакав да го удрам по устата, но ќе почекам до утре. Јас ќе бидам шампион“, рече Пулев.

Од друга страна, Џошуа порача дека од тимот на Бугаринот не треба толку да го фалат и да го креваат во облаци бидејќи овојпат ќе има вистински противник спроти себе и додаде дека Пулев ќе биде уништен.

„Ти ли ќе ме победиш, кого си победил досега?, прашуваше Џошуа.

Можеби беше глума за да биде понтересно за публиката и новинарите, но утре во рингот ќе биде вистинска боксерска претстава.

- Оглас -

Најнови вести