Големи три бода за Вардар, бизарна повреда на стрелецот Мицевски

Вардар после четири години успеа да го победи Работнички, Црвено-црните славеа со 1-0, со гол на Дарко Мицевски, а капитенот на вардарци се повреди при прославата на погодокот, па мораше да излезе од игра.

И покрај победата, Вардар остана на последно место, но сега има само три бода помалку од триото клубови кои се пред него на табелата. На врвот се Шкендија, Шкупи и Струга, од овие три клуба само тетовци не победија денеска.

Резултати: Гостивар – Воска спорт 1-1, Македонија Ѓорче Петров – Струга Трим Лум 0-3,  Работнички – Вардар 0-1, Шкендија – Брера Струмица 1-1, Шкупи – Брегалница 1-0, Силекс – Тиквеш 1-0.

- Оглас -

Најнови вести