Големиот ас се „чекираше“ во Бразил – Тренира во нисколигаш во којшто има акции

Диего Коста се врати во Бразил и тренира со играчите на Лагарто, клуб од пониските лиги, во кој е малцински косопственик, односно има вложено одреден паричен влог.

Поранешниот шпански репрезентативец е роден во Лагарто, Бразил, но играше за Црвената фурија и долг период од успешната кариера мина во клубови од Шпанија.

Последниот ангажман му беше во Атлетико Мадрид, клуб со кој неодамна постигна взаемен договор за раскинување на договорот што му важеше до јуни оваа година и сега е слободен играч.

До следниот трансфер на 32-годишниот напаѓач со 24 меча за шпанската репрезентација Коста објави дека ќе тренира со играчите на Лагарто, на кои на некој начин им е и еден од сопствениците во клубот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести