Гест на голем спортист што ги топи срцата – Го нокаутира, па тажеше со противникот

Алистер Оверејм е голема легенда на Ултимејт фајт борењето, а уште еднаш покажа дека е и голем човек што го ценат во светот на спортот, со гестот што го направи, откако го нокаутира Волт Херис.

Холанѓанецот победи со технички нокаут во втората рунда и веднаш потоа дојде и го прегрна противникот, жалејќи со него за големата трагедија што му се случи на Херис.

Посвоената ќерка на Волт, Анија Бланшар беше убиена минатата година, откако претходно била киднапирана во Алабама. Херис, кој има 36 години беше во шок по загубата и не сакаше да се бори во УФЦ, се до мечот ноќеска во Џексонвил.

„Отсекогаш сум бил голем фан на Оверејм и на некој начин тој ми беше посебна инспирација во животот. Немав сила да се борам по големата трагедија, но знам дека Анија ќе беше среќна да бидам во октагонот на дуел со Алистер. Тоа ми дава посебна мотивација“, изјави пред мечот Херис.

Американецот тргна добро во мечот и во првата рунда Оверејм беше во нокдаун, но следуваше пресврт и потоа и моменти со емотивен набој.

Холанѓанецот веднаш му пријде на Херис и го прегрна искажувајќи респект и сочуство за загубата на ќерката.

- Оглас -

Најнови вести