Големо изненадување на Западот

Во НБА плејофот утрово се одиграа три меча, а се случи едно големо изненадување. Њу Орлеанс како гости го победија Феникс со 125:114 и израмнија во серијата на 1:1. Њу Орлеанс е тим кој преку доигрувањето се најде во плејофот, уште во првата четвртина најави дека се подготвува изненадување, а тоа се случи најмногу благодарение на феноменалната игра на гостите во третата четвртина, која ја добија со 34:22 и на крајот стигнаа до двоцифрена победа.

Брендон Играм со 37 поени, 11 скока и девет асистенции беше предводник на победничкиот тим, додека кај Феникс најефикасен беше Девин Букер со 31 поен, а Крис Пол заврши со 17 поени и 14 асистенции.

Во останатите два меча, домаќините беа сигурни. Мајами поведе со 2:0 во победи против Атланта, откако Жешките славеа со 114:105. Џими Батлер со 45 поени беше најдобар кај победничкиот тим.

Мемфис со 124:96 ја победи Минесота и сега резултатот е израмнет на 1:1 во триумфи. Морант со 33 поени, 10 асистенции и девет скока беше најдобар кај Мемфис.

- Оглас -

Најнови вести