Големо изненадување во Њујорк: Медведев е вториот финалист на САД опен

Рускиот тенисер Данил Медведев е втор финалист на САД опен, откако изненадувачки го совлада моменталниот рекет број еден во светот, Карлос Алкарас, со 3-1 (7:6, 6:1, 3:6 и 6:3). Со тоа шпанецот влегува како дел од традицијата која на САД опен е присутна од 2008-мата година наваму, ниту еден тенисер да не ја одбрани титулата од претходната година.

Тоа значи дека утре во големото финале ќе играат Медведев и Ѓоковиќ во реприза на финалниот дуел од 2021-вата година, во кое русинот стигна до својот единствен грен слем трофеј во кариерата.

Шпанецот беше голем фаворит за победа во полуфиналето, но Медведев со одлична игра, откако најпрво во тај-брејк го доби првиот сет, успеа да стигне до победата. Веројатно вториот сет треба да биде најзагрижувачки за Ѓоковиќ, бидејќи Медведев успеа експресно со 6-1 да го победи Алкарас.

Ѓоковиќ има позитивен биланс против рускиот тенисер, бидејќи во 14-те меѓусебни натпревари победил дури деветпати, а петпати се радувал Медведев.

- Оглас -

Најнови вести