Големо признание за македонскиот селектор, избран е за тренер на годината во АБА!

Македонскиот селектор Драган Бајиќ, кој е и актуелен шеф на стручниот штаб на клубот Игокеа, официјално е прогласен за најдобар тренер во јадранската АБА-лига за оваа сезона. Во гласањето учествуваа новинарите, фановите и тренерите на 14-те клубови кои се натпреваруваат во АБА.

Новиот македонски селектор доби дури 63% од вкупниот број гласови во традиционалното гласање кое го реализира менаџментот на АБА-лигата, со кои го „победи“ колегата од Цедевита Олимпија, Јурица Големац (10,8%), како и Владимир Јовановиќ, предводникот на Мега, кој доби 7,7% од вкупниот број гласови.

Зад себе Драган Бајиќ има една неверојатна сезона со Игокеа. Екипата ја одведе меѓу четирите најдобри и низ плејофот ќе се борат за шампионската титула во АБА и место во Евролигата.

- Оглас -

Најнови вести