Големо шоу на Мали, дебитантот Мавританија за утеха го постигна историскиот гол (Видео)

Мали приреди големо шоу, а головите на Абдулај Диаби и двата на Адама Траоре беа прекрасни во победата против дебитантот на Африканскиот куп Мавританија со 4:1.

Избраниците на Мохамед Магасуба одиграа одличен меч, а резултатот го отвори Диаби со фантастичен гол во 37. минута.

https://twitter.com/lovegoa33730438/status/1143259349143425026

Патот кон првиот триумф на турнирот го продолжи Марега со гол од пенал за 2:0 по првото полувреме.

Потоа на сцена стапи Адама Траоре со два гола, и двата одлични, а последниот со феноменален удар што беше недостижен за голманот на Мавританија.

https://twitter.com/lovegoa33730438/status/1143274038036500481

Поразената селекција за првпат игра на Јужноафраиканскиот куп на Нации и за утеха успеа веднаш на стартот од турнирот да го постигне историскиот гол. Од пенал во 72. минута погоди Ел Хацен и тој ќе биде запишан како прв стрелец за Мавританија на континенталните шампионати.

Претходно во меч од истата Е група Тунис и Ангола ремизираа 1:1.

- Оглас -

Најнови вести