Големото дерби на Лос Анџелес е за Лејкерс, Бредли „удри“ по својот поранешен клуб (Видео)

Двете големи ѕвезди на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис одиграа стандардно добро за Езерџиите, а изненадување за големиот градски ривал Лос Анџелес клиперс вечерва беше Ејвери Бредли.

Поранешниот кошаркар на Клиперс постигна 24 поени, трипати повеќе од просекот на поени сезонава и им помогна на Лејкерс да победат со 112:103, што им е прв триумф во големото дерби на Ел-Еј во третиот меѓусебен меч сезонава.

Џејмс постигна 28 поени со 9 асистенции и 7 скока, а Дејвис беше најефикасен кај Лејкерс со 30 поени. Во „Стејплс центарот“ домаќините добија три од четирите четвртини и сега се сериозни кандидати и за првото место во Лигата по регуларниот дел.

Милвоки бакс имаат три победи повеќе, но Лејкерс влегоа во победнички ритам и ќе им бидат опасен ривал во последните 20-тина меча од регуларниот дел на сезоната.

Клиперс за првпат загубија во дербито на Лос Анџелес, а не им помогна ниту најефикасниот кошаркар на мечот, Пол Џорџ со 31 поен. Кавај Ленард даде 27 поени, а со 20 поени уште само Монтрел Харел беше двоцифрен кај поразениот тим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести