Големото промашување на Стерлинг кое ја остави Англија без одмазда против Аѕурите (видео)

Репризата од финалето на ЕП меѓу Англија и Италија заврши без голови „Молињу“ стадионот во Вулверхемптон, а како најголем виновник за тоа може да се издвои Рахим Стерлинг.

На офанзивецот на Манчестер сити очигледно му треба посигурна ситуација за да постигне погодок, иако се најде во „зицер“ шанса пред голот на Донарума.

Се играше 52-та минута кога нафрлувањето на Џејмс ја проби одбраната на Италија, Стерлинг се најде на вистинското место, меѓутоа реакцијата му беше како на аматер.

Катастрофалното промашување на Англичанецот можете да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести