Голман даде гол за спас од пораз во 94-та минута (Видео)

Словенечкиот голман, Жига Фрелих од Интер Запрешиќ, постигна гол во 94-та минута за реми од 2-2 на неговиот тим на гостувањето кај Истра во Пула. Овој меч од хрватската прва лига требаше да им припадне на домашните, но во последните секунди, при еден прекин, Фрелих реши да ризикува и да оди во противничкиот 16-ник, и стана јунак на мечот.

Голманот реагираше најдобро во мешаницата, и даде гол, со кој на тимот од загрепско предградие му донесе бод.

Интересна изјава даде тренерот Самир Топлак. „Жига го донесовме и за да дава голови. Знаеме што може со топката, и затоа го критикував зошто му требаа дури 10 кола за да го даде првиот погодок“ – рече Топлак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести