Голман доби копачка в лице, па покажа како изгледа (Видео+ Вознемирувачко фото)

Натпреварот од бразилската Серија А помеѓу Васко да Гама и Бахија, кој заврши 0-0, го одбележа жестокиот прекршок над гостинскиот голман Даглас Фридрих, по што тој мораше да го напушти теренот. Голманот доби копачка в лице од противничкиот играч Леандро Кастан, а по прегледување на снимката, Кастан доби црвен картон.

Даглас нема скршеница, но дупката од крампоните мораше да биде сошиена. Тој по мечот се фотографираше во соблекувална и покажа како изгледа неговото лице по шиењето.

Ова е фаулот во кој настрада голманот на Бахија:

- Оглас -

Најнови вести