Голман ја „рогна“ топката од својот 16-ник и даде спектакуларен гол на другата страна (Видео)

На денешниот дуел помеѓу Варзим и Мафра од втората португалска лига, кој заврши со 2-0 за домашните, вториот гол беше постигнат од 85 метри далечина. Голманот Рикардо Нунеш кој има 38 години, силно ја шутна топката од својот 16-ник, топката леташе далеку, и го прескокна противничкиот голман кој беше изненаден.

Интересно е што на Нунеш ова не му е првпат да постигне гол на ваков начин. Тој истото го сторил и во март 2005 година, на истиот стадион, тогаш на меч помеѓу Варзим и Мореиренсе.

„Неверојатно е, вторпат на истиот стадион во истиот дрес давам гол. Секогаш се обидувам да ја шутнам топката што подалеку, и да креирам опасна ситуација за противниците. Имав малку помош и од ветерот, среќен сум како топката отскокна од теренот“ – рече Рикардо.

https://twitter.com/i/status/1373320487577747461

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести