Голман на ПСЖ го смачка изнајменото „ламборџини“ (фото)

Марсин Булка, резервниот голман на ПСЖ, во средата навечер доживеал сообраќајна несреќа во која успеал да го уништи изнајменото „ламборџини“ во близина на неговиот роден град во Полска. Булка не бил под дејство на алкохол, туку се обидел да престигне автомобил со голема брзина, па се судрил со возило „хјундаи“, кое доаѓало од спротивната лента на патот и во кое имало двајца патници.

Луксузното „ламборџини“ од серијата „хурахан ево спајдер“ не било негово, туку изнајмено, а вреди околу 220.000 евра. Голманот, за среќа, поминал без повреди, меѓутоа двајцата патници од другото возило биле пренесени во најблиската болница.

Инаку, 20-годишниот Булка е член на францускиот првак од минатото лето. Пристигна од редовите на Челзи како слободен играч и оваа сезона запиша само еден настап во Лига 1, притоа успевајќи да ј сочува празна мрежата во триумфот на Светците против Мец од 2-0.

https://twitter.com/FootPolak/status/1265917209638928385

- Оглас -

Најнови вести