Голман од далеку даде гол за победа и пласман во финалето на Еврокупот во ватерполо! (Видео)

Во финалето на ЛЕН Еврокупот во ватерполо ќе играат Савона од Италија и Вашаш од Унгарија, а италијанскиот тим до финалето дојде на драматичен и несекојдневен начин.

Савона играше против Трст, а победата од 13-12, која ги однесе во финалето, го постигна голманот Џанмарко Никози. На неколку секунди до крајот, голманот реши да тргне кон противничкиот гол и не само тоа, туку и со шут од голема далечина постигна убав гол кој ја израдува домашната публика.

- Оглас -

Најнови вести