Голман влезе во 122-ра минута, но не за да брани пенали, туку за да шутира, а не го дочека својот ред (Видео)

Опен купот во САД донесе една несекојдневна ситуација која потврдува дека Американците некогаш и не го сфаќаат фудбалот толку сериозно.

На мечот помеѓу Њујорк Ред булс и Синсинати беше јасно дека ќе има пенали, па во финишот на продолженијата, домашниот тренер реши во игра да го стави резервниот голман Карлос Коронел, но не за да брани, туку за да даде гол во пенал серијата.

Карлос е Бразилец, и требаше да шутира во петтата серија, но не го дочека својот ред. Синсинати ги погоди сите пет пенали, а за Њујорк утна Белгиецот Ванзеир кој претходно ги спаси од пораз во регуларниот дел од средбата.

 

- Оглас -

Најнови вести