Голманиште – даде три гола, и одбрани четири пенали (Видео)

Голманот Минор Алварес деновиве е најголема фудбалска ѕвезда во таа земја. Тој на клубот Ескасусена му донесе финале на плејофот за влез во првата дивизија. Алварес на четирите меча во плејофот, даде три гола, и одбрани четири пенали.

На реваншот од полуфиналето (првиот меч заврши 1-1, а голманот даде гол од пенал), 30-годишниот Алварес даде гол од слободен удар во 85-та минута, и го спаси својот тим од пораз, изедначувајќи на 1-1, а потоа во пенал серијата која го решаваше финалистот, тој одбрани два удари од белата точка.

- Оглас -

Најнови вести