Голманката го молеше детето да ја подаде топката, а тоа мирно стоеше (Видео)

Женскиот тим на Манчестер сити убедливо со 5:0 ги победи ривалките од Астон вила во меч на кој сите погодоци беа постигнати во вториот дел. Ако во првите 45 минути немаше погодоци, се случи еден интересен момент кој го одбележа дуелот.

Пред крајот на полувремето, голманката на Астон вила, Хана Хамптон тргна да земе топка за да изведе гол-аут. Хамптон кога се обиде да ја добие топката од детето кое стои зад голот, остана збунета.

Голманката ја бараше топката, а детето мирно стоеше со топката во раце и не ја даваше. Хамптон побара асистенција и од главниот судија, но дури кога детето само реши да ја додаде топката, таа заврши во рацете на голманката на гостите која остана збунета од цената ситуација.

- Оглас -

Најнови вести