Голманот кој го допре дното во Челзи, доби шанса и сега стана херој

По голема драма и неизвесност, европскиот првак Челзи синоќа се израдува на уште еден трофеј. Во витрините на тимот од „Стемфорд Бриџ“ пристигна и трофејот од Суперкупот на УЕФА, откако Челзи на пенали го победи актуелниот освојувач на Лигата на Европа, Вилјареал.

По 90 минути беше 1:1, а тој резултат остана и по дополнителните 120 минути, па мораа да се шутираат пенали. Во 119 минута, тренерот на Челзи, Томас Тухел направи измена. Го извади голманот Менди, а во игра го внесе Кепа Аризабалага.

Шпанскиот голман пред три години дојде во Челзи за трансфер вреден неверојатни 80 милиони евра. Тој требаше да биде голманот кој во следните години ќе биде сигурен број 1 во тимот, но се случи нешто неочекувано. Во февруари 2019 година, Челзи играше финале на Лига Купот на Англија, а Кепа беше на голот. Се играше 119 минута кога тогашниот тренер на Челзи, Маурисио Сари реши да направи измена.

Кепа требаше да излезе надвор, а во игра требаше да влезе Вили Кабалјеро и тоа беше тактичка измена за да вториот голман добие шанса да ги брани пеналите. Сепак, Кепа одби да излезе од игра и самиот реши дека тој треба да ги брани пеналите. Тренерот Сари збесна затоа што голманот не ја испочитува неговата наредба. Кепа бранеше, но не одбрани ништо и Челзи го загуби финалето од Манчестер сити.

Од тој момент, Кепа беше седнат на клупа и стана еден од најомразените фудбалери кај навивачите. Шпанскиот голман ја загуби формата во која беше, а Челзи го доведе Едуард Менди за прв голман. Токму Менди синоќа бранеше, но тој немаше проблем и во 119 минута без проблем излезе од игра, а Кепа доби шанса да ја врати самодовербата, но и почитта кај навивачите, што и на крајот успеа. Шпанскиот голман успеа да одбрани два пенали на играчите на Вилјареал и е најзаслужен што Челзи се израдува на трофејот.

Драматичната пенал серија во Суперкупот на УЕФА може да ја видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести