Марко Спортиело, голманот на Аталанта, има Коронавирус. Иако Бергамо е градот кој е најсериозно удрен од пандемијата во Италија, Спортиело е само првиот играч од бергамските фудбалери кому му е дијагностицирана болеста. Засега тој нема симптоми. Уште од почетокот на кризата во Северна Италија, целиот тим на Аталанта е во карантин и така ќе биде до 27 март.
Спортиело е во самоизолација, а изолирани од надворешниот свет се и останатите членови на Аталанта.
Спортиело не бранеше на кобниот меч окарактеризиран како „биолошка бомба“ против Валенсија во Милано на 19 февруари, но беше на голот на реваншот во Шпанија, кога средбата на „Месталја“ се играше без публика.