Голманот на Борнмут позитивен на ковид-19, знае каде се заразил

Арон Ремсдејл, голманот на Борнмут, откри дека тој е членот на екипата кој се потврди дека е позитивен на ковид-19 по последните тестирања, а младиот Англичанец дури и знае каде се заразил. Ремсдејл моментално се наоѓа во карантин, во кој ќе мора да седи седум дена пред да се врати на тренинг, а иако бил претпазлив додека ги извршувал домашните обврски, сепак успеал да се зарази со вирусот.

„Првиот тест од минатиот понеделник беше негативен. Тренирав со екипата и не чувствував никакви симптоми. Во меѓувреме ги извршував сите обврски, како купување намирници за дома или пак да одам до бензинска станица да ставам бензин во автомобилот. Секако, се држев до препораките за заштита од вирусот, но сигурен сум дека за време на шопингот се заразив. Сега ми следува седумдневен карантин, а клубот е тука да ми помогне доколку има потреба“, истакна Ремсдејл за англиските медиуми.

Голманот на Црешите е вкупно осми позитивен случај на ковид-19 откако започнаа масовните тестирања во Премиер лигата во пресрет на рестартот на сезоната.

- Оглас -

Најнови вести