Голманот на Клермон го заборави играчот позади себе а потоа следеше мала мајсторија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ленс со 3:1 славеа на домашен терен против Клермон, а еден од трите погодоци за домаќините вреди да се истакне.

Гостите најпрвин поведоа со голот на Елбасан Рашани во 9-та минута, а следеше израмнување преку Кевин Дасо во 39-та минута. Кога сите мислеа дека со тој резултат ќе се замине на полувреме, голманот на гостите Упарин Јоко, направи една несекојдневна грешка.

При една интервенција, ја спушти топката на земја, не гледајќи дека го има зад себе играчот на Ленс, Флоријан Сотока, овој му ја украде топката и постигна гол од навистина тешка ситуација.

Конечните 3:1 беа дело на Масиодо Хајдара во 58-та минута.

- Оглас -

Најнови вести