Голманот на Њукасл го исфрустрира Ливерпул

Њукасл на свој терен се одбрани во дуелот со Ливерпул и на крајот одигра без голови во меч од 16-тото коло на англиската Премиер лига. Гостите беа апсолутни фаворити за победа, доминираа на теренот, доздаваа шанси, но на крајот ниту еднаш не успеаја да ја затресат мрежата на домаќините.

На крајот статистиката покажува дека Ливерпул имал 73 отсто посед на топката, односно речиси три четвртини од мечот имале контрола над топката, изведоа 12 корнери, шутнаа 11 пати, но сето тоа беше залудно. Голманот на Њукасл, Дарлоу, ги отстрани сите опасности на фаворитот и на крајот Њукасл си освои бод.

Иако делува чудно што Њукасл успеа да извади бод против Ливерпул, традицијата вели дека е очекувано домаќините да не загубат. Последните пет сезони во Премиер лигата, Њукасл на свој терен не губи во дуелите со актуелните шампиони (две победи и три нерешени).

- Оглас -

Најнови вести