Голманот на Партизан најавува победа против Ѕвезда: Ако не го освоиме Купот, силувајте ме!

Голманот на белградски Партизан, 37-годишниот Владимир Стојковиќ, даде контроверзна и чудна изјава во пресрет на утрешното финале на Купот на Србија. Иако Црвена ѕвезда ќе игра на својот стадион, и во српското првенство на убедлив начин дојде до титулата, Стојковиќ кој во минатото го бранеше голот на Црвено-белите, смета дека ривалите немаат шанса.

Ѕвезда во лигата имаше 13 бода повеќе од Партизан, па Црно-белите се желни за одмазда.

„Што и да се случи утре, јас ќе бидам виновен. Прифаќам на мој грб да се истурат сите. Еве, ако не го освоиме купот, мене силувајте ме. Соиграчите немаат притисок, од мене зависи исходот. Ако има пенали, сигурно ќе го освоиме купот. Би сакал и порано да се заврши, но секако сум на располагање и да шутирам пенал ако треба. Знам колку е тежок пехарот, затоа размислувам како да го кренам утре“ – изјави Стојковиќ кој е капитен на Партизан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести