Голманот правеше чуда, Келтите со сомнителен гол го освоија трофејот (Видео)

Победите против градски ривал се посебно слатки, тоа добро го знаат и во Глазгов, каде што Селтик го совлада Ренџерс со 1-0 во финалето на Лига купот на Шкотска.

Средбата беше одлучена со гол на Кристофер Жилиен кој можеби беше во недозволена офсајд позиција кога тргна по топката по центаршутот на Кристи. Ова се случи во 60-та минута. Само три минути подоцна, работите на „Хемпден парк“ се сменија во полза на тимот на тренерот Стивен Џерард. Беше покажан црвен картон за Фримпонг од Селтик, а Ренџерс доби пенал.

Но, пеналот не беше искористен, неверојатно расположениот Фрејзер Форстер му ги одбрани шутот на Алфредо Морелос. Иако имаше уште половина час до крајот, Ренџерс не ја искористи предноста од човек повеќе на теренот, па „зелено-белите“ благодарение на голманот Форстер, заслужено се радуваа.

https://twitter.com/i/status/1203711766531903489

- Оглас -

Најнови вести