Голманот сакаше да ја исфрли топката далеку, но против природата не се може (Видео)

На натпреварот од хрватската лига помеѓу Шибеник и Горица, гостите имаа голема помош од силниот ветер, а најголем доказ за тоа тоа се случи во финишот, кога го постигнаа голот за победа од 3-1. Голманот Лабровиќ дегажираше, но ветерот дуваше кон него, па топката наместо далеку во половината на гостите, падна во 16-никот на Шибеник, а таму ја начека Ловриќ и со волеј „од прва“ феноменално ја смести во голот.

И претходно гостите дадоа убав гол (директно од корнер) кој не би бил постигнат ако не беше бурата како сојузник на Горица.

Моментот кој предизвика внимание е голот за 3-1, и може да се види на 6:40 минута од видеото, а вреди да се види и голот од корнер за 2-1:

- Оглас -

Најнови вести