Голманот тргна да се радува на погодок од 80 метри, но соиграчот му го сруши сонот (Видео)

Фудбалот е колективна игра и едноставно нема место за оние кои се себични. Еден вистински пример за себичност се случи на дуелот меѓу боливискиот Индепендиенте Петролеро и Депортиво Тахир од Венецуела, во Копа Либертадорес.

Пред крајот на првото полувреме, голманот на гостите „рогање“ шутна една топка, која летна далеку пред противничкиот гол. Таа двапати отскокна, ги измами сите фудбалери, па дури и домашниот голман и непречено тргна во мрежата.

Голманот Кристофер Варела почна да се радува дека успеал да даде гол од над 80 метри, но радоста му ја скрати негов соиграч. Антонио Урибе се стрча кон топката и ја допре на неколку милиметри пред да влезе во голот, па погодокот е запишан кај играчот, а не кај голманот.

Едноставно, Урибе му го сруши сонот на Варела да биде запишан како голман кој постигнал гол од над 80 метри. Класичен пример на себичност.

- Оглас -

Најнови вести