Голот на денот денеска падна во Јужна Кореја (Видео)

После пет кола во фудбалскиот шампионат на Јужна Кореја, првото место со 12 бода го држи тимот Јеонбук, а денеска Јеонбук победи убедливо со 4-1 на гостувањето кај Сеул. Отпорот на домашните беше скршен во 48-ма минута, кога при резултат 1-1, гостите дојдоа до водство со прекрасен гол на Ли Сеунг-Ки.

Ли ја зеде топката во средината на противничката половина, убаво се ослободи од двајца противници, имаше време и место да се намести, па со левата нога испрати проектил кој заврши во горниот агол од голот на немоќниот чувар на мрежата на Сеул. Со уличен жаргон кажано, Ли со топката го уби пајакот и ја симна пајажината во аголот од голот.

Погледнете го најубавиот денешен гол:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести