Голот на денот го има Криштопанс – „бомба“ која два голмани не ја бранат (Видео)

Даинис Криштопанс уште еднаш покажа зошто е еден од најдоминатните играчи во ракометот во моментов. Летонскиот џин даде седум гола од 10 шута против Шпанија, но едноставно сам не можеше да се спротистави на европскиот првак. За својата игра на крајот го доби приматот за најдобар играч на мечот против Црвената фурија, иако Летонија загуби со 11 разлика (33:22).

Ѕвездата на Вардар уште еднаш покажа дека е незадржлив. Во првото полувреме против Црвената фурија даде гол кој може да се прогласи за погодок на првиот дел од ЕП. Летонците беа под закана за пасивен напад, сите знаеја дека Криштопанс се подготвува да шутира, Шпанците беа со високо кренати раце во одбрана, но тоа не беше доволно.

Криштопанс ја доби топката и веднаш упати „бомба“ која не може да ја сопрат и двајца голмани.

 

- Оглас -

Најнови вести