Голот на Игуаин му донесе голема радост на експерт за Лигата на шампионите во Неготино

Не е лесно да се погоди дека на четири натпревари ќе биде нерешено на полувереме, а на крајот ќе победат гостите и притоа на мечевите да паднат 2-5 гола, но храбар прогнозер од Неготино уплати 20 денари токму на оваа игра и затоа задоволството по успехот е огромно.

Добивката е 163.540 денари. Прогнозерот кој уплатил во Sport Life во Неготино погоди четири меча со квоти од 6.80 до 13.

Тој прво чекаше нерешено на полувреме на средбите Шахтар – Аталанта, Динамо Загреб – Манчестер сити, Бриж – Реал Мадрид и Баер Леверкузен – Јувентус. Потоа му требаа победи на гостите, а околу 80-тата минута и тоа беше реално остварливо, сите гости беа во водство. Но, требаше да паднат и два до пет гола.

Најкритично му беше на дуелот со Леверкузен. Јуве со гол на Кристијано Роналдо во 75-тата минута поведе со 1-0, а голот вреден повеќе од 163 илјади денари падна во 92-рата минута. Стрелец беше Гонзало Игуаин. Динамо и Манчестер до 84-тата минута дадоа пет гола, па неготинецот стравувал десетина минута да не падне и шести погодок, но сè заврши како што посакуваше прогнозерот.

ПЕНАЛИ ВО МАДРИД, ПАРИЗ И АТИНА ДОНЕСОА ДОБИВКА ВО КИСЕЛА ВОДА

На уплатно место во скопска Кисела Вода со 20 денари уплата на тикет, играни се шест меча и исплатени се 89.065 денари.

Овој прогнозер имал микс од игри, а интересно е што клучните голови за тикетот да биде добитен беа реализирани од белата точка. Атлетико од пенал даде гол во прво полувреме за да помогне да се заокружи типот „еден во еден“, потребна беше победа на Олимпијакос против Црвена ѕвезда, а голот за триумф Грците го дадоа во финишот од пенал. И ПСЖ последниот, петти гол го даде од пенал за радост во Кисела Вода бидејќи прогнозата беше дека на мечот во Париз ќе паднат барем пет гола.

СТРУЖАНЕЦ ЗАРАБОТИ ДВЕ ИЛЈАДИ ЕВРА СО УПЛАТА ОД 40 ДЕНАРИ

Во Струга, мечеви од Лигата на шампионите најавија, а хокеарски меч потврди добитен тикет вреден 121.423 денари. Уплатата е 40 денари, а типувани се шест меча, од кои пет фудбалски од ЛШ и еден од НХЛ-лигата во хокеј на мраз.

И тука типувано е на полувреме-крај со голови и ГГ прво полувреме на Баерн – Тотенхем, но немаше да има добивка ако Вашингтон капиталс не победеше со 3-2 против Бостон бруинс во хокеарскиот меч за кој прогнозата беше единица и дека ќе има барем пет гола.

- Оглас -

Најнови вести