Голот на Миовски не беше доволен за Абердин да се пласира во групите на ЛЕ (Видео)

Екипата на Абердин и покрај тоа што имаше поволен резултат од првиот натпревар во Шведска, не успеа да се пласира во групната фаза на Лигата на Европа.

Абердин минатата недела одигра 2-2 против Хакен на гости, еден од головите беше дело на Бојан Миовски, но вечерва им беше потребна победа, макар и на пенали за пласман во групите.

Слично како и минатата недела, Хакен брзо дојде до водство од 2-0 со головите на Садик уште во првиот дел, но овојпат Абердин немаше сили да се врати резултатски во мечот.

Во 55-тата минута Бојан Миовски се запиша во листата на стрелците од пенал и намали на 1-2. Во продолжение екипата од Шкотска трегна на сѐ или ништо, а тоа ги чинеше уште еден гол во нивната мрежа, кој го постигна Лајуни во 81-вата минута.

- Оглас -

Најнови вести