Голот на Озил е доказ дека Артета е вистинскиот човек за Арсенал (видео)

Арсенал лесно се справи со Њукасл и по четири последователни ремија запиша убедлив триумф со 4-0. Топчиите сите четири гола ги реализираа во вториот дел од кои два се видоа дури во финишот од средбата.

На истекот од 90-тата минута Месут Озил се запиша во листата стрелци зголемувајќи на 3-0, а акцијата која доведе до нова радост е олицетворение на Микел Артета и неговата замисла како треба да игра лондонскиот клуб. Сите 11 играчи, почнувајќи од голманот Лено барем еднаш ја допреа топката, меѓу нив комбинираа 35 точни додавања пред Лаказет да го разработи Германецот.

Оваа акција воедно е најдолга во Премиер лигата во претстојната сезона по која топката се најде во мрежата. Погодокот на Озил можете да го видите на следниот ЛИНК.

- Оглас -

Најнови вести