Голот на Реал во 92-рата минута донесе радост вредна повеќе од 2.000 евра во Струмица

Дуелите на Реал Мадрид и Барселона секогаш носат многу возбудувања и неизвесност, а посебно е чувството кога го имаме Ел Класико на тикет. Еден обложувач посебно се израдувал на погодокот кој го даде Маријано Дијас во 92-рата минута од мечот со кој Реал ја потврди победата против вечниот ривал. Тој гол го одржа во живот тикетот кој подоцна се покажа како добитен и на крајот само 100 вложени денари, обложувачот си доби 130.000 денари.

На тикетот се мечеви кои беа меѓу последните за играње во вчерашната понуда. Ел Калсико е прогнозирано дека ќе има 2+ голови во второто полувреме, па затоа погодокот на Дијаз е толку вреден. Ако на Реал – Барса се чекале два гола во второто полувреме, тогаш работата за 2+ во првиот дел ја заврши Гимараиш против Тондела.

Погоден е и „кецот“ на француското дерби меѓу Лион и Сент Етјен, како и победата на Пескара на свој терен против Асколи. Останатите погодени дуели се мечеви кои се играа ноќеска, па играчот од Струмица денеска веќе може да ги подигне парите.

И ВО БЕРОВО СЕ РАДУВАА НА ГОЛ ВО 92-РАТА МИНУТА, НО НЕ НА РЕАЛ, ТУКУ ВО ВТОРА ПОРТУГАЛСКА ЛИГА

Двата тима ќе постигнат гол и во натпреварот ќе се постигнат повеќе голови во второто полувреме е играта која е добитна за играчот во Неготино. Тој одбрал пет меча и сите ги погодил, па со 150 денари успеа да добие 140.000 денари.

Севилја ја победи Осасуна со 3:2, а во вториот дел паднаа три погодоци. Мирандес и Жирона на полувреме игаа 0:0, а во вториот дел двата тима дадоа по еден гол и тоа беше доволно. Унион Берлин и Волфсбург одиграа 2:2, а во вторите 45 минути паднаа три гола. РКЦ Валвијк во второто полувреме направи пресврт против Утрехт за победа од 2:1 и добитна комбинација.

Најдраматично на овој тикет е дуелот во втората португалска лига меѓу Варзим и Мафра. Домаќините победија со 2:1, а гостите почесниот погодок го дадоа во 92-рата минута за исполнување на условот ГГ (двата тима да дадат гол).

ОДИГРАЈ ХРАБРО И ДОБИЈ, ТАКТИКА КОЈА ПАЛИ ВО НЕГОТИНО

Во Неготино очигледно нема многу филозофии. Еден играч само на четири одиграни средби со 50 денари доби над 97.000 денари. Играта е 1-1 или 2-2, но плус да има и минумум 3 гола на мечот. Погодените четири средби донесоа радост, што само потврдува дека вреди да се играат и вакви храбри тикети.

- Оглас -

Најнови вести