Голот на Роналдо против Интер требало да биде поништен (Видео)

Судијата кој ја делеше правдата на денешниот натпревар во Кина помеѓу Јувентус и Интер требало да го поништи голот кој го постигна Кристијано Роналдо од слободен удар со помош на Шкрињар, кој ја закачи топката по што таа го смени правецот и го измами голманот на тимот од Милано, Падели.

Интер по првото полувреме водеше со 1-0, а потоа Старата дама изедначи во 68-мата минута, кога Кристијано погоди од слободен удар. Во пенал-рулетот, Јуве беше подобар. Но, до изведување на пенали можеби и немаше да дојде доколку судијата Џам Леи од Кина ги применуваше новите правила на ФИФА.

При голот на Португалецот, неговиот соиграч Марио Манџукиќ стоеше залепен до играч на Интер во живиот ѕид, а тоа е забрането и играчот чија екипа изведува слободен удар мора да биде барем еден метар од живиот ѕид.

- Оглас -

Најнови вести