Голот што го даде Лонг против Ливерпул ќе биде запишан во историјата

Саутхемптон и Ливерпул играат 1:1 по првото полувреме на „Сент Мери“. Гостите се под притисок дека мора да победат, но по само 9 минути од стартот на мечот примија гол. По Шејн Лонг успеа да ја затресе мрежата на Ливерпул, а тоа беше јубилеен 5.000 погодок кој го има примено англискиот гигант во елитното англиско натпреварување.

Првиот гол кој Ливерпул го има примено во англиското првенство е пред 125 години, кога Кумбе Хал погоди за Блекбурн во дуелот со овој ривал. Сега и Лонг си обезбеди место во историјата на Ливерпул, како стрелец на 5.000 погодок што го има примено вториот најуспешен клуб во англиското првенство.

До крајот на првиот дел, Кеита погоди за гостите и најави дека избраниците на Јирген Клоп во вториот дел ќе се обидат да ги освојат трите бода од ова гостување.

 

- Оглас -

Најнови вести