Голови со посвета – Елмас му подари два гола на Пандев за јубилејот

Елиф Елмас одигра одличен меч, постигна два гола против Летонија, но и на теренот и надвор од него останува цврсто на земја и скромно вели дека победата е на колективот, што игра одлично и конечно го буди сонот на Македонија да игра на големо натпреварување. И, секако, не го заборави капитенот Горан Пандев и неговиот јубилеј – стоти меч за националната селекција.
„Среќен сум што победивме, а оваа победа и двата гола му ги посветувам на капитенот Горан Пандев. Се надевам дека ќе продолжиме вака и понатаму. Сега играме со Словенија и на тоа гостување ќе одиме на трите бода. Секој натпревар е тежок, но сите репрезентативци се квалитетни да одговорат на секоја задача“, изјави Елмас.
Со Пандев одлично се разбираат на теренот, иако разликата во години е голема, а Македонија добива дополнителен квалитет со него во составот. Соработуваа одлично во Израел, кога му асистираше за победнички гол на Пандев, а и вечерва покажаа дека заедно со соиграчите можат многу и дека Македонија со многу оптимизам патува за Љубљана на вториот квалификациски меч во групата Г, во недела против Словенија.
- Оглас -

Најнови вести