Головите му прилегаат на Ел Класико

Панче Ќумбев се фати во костец со дерби-мечевите што ќе се играат викендов, а во фокусот му се новото Ел Класико меѓу Реал Мадрид и Барселона, мечот за титула во Италија меѓу Наполи и Јувентус, вечното римско дерби на Лацио и Рома, пресметката за Северен Лондон меѓу Тотенхем и Арсенал и полскиот дуел меѓу Лех и Арка.

Еве ги новите пет предлог-типови за овој викенд на нашиот постојан соработник:

 

Тотенхем – Арсенал (сабота, 13.30 часот)

Големото лондонско дерби секогаш носи доста неизвесност и одличен фудбал. Но, овде ќе се обидам со единица затоа што мислам дека Тотенхем е за нијанса поквалитетен од Арсенал.

Предлог тип: 1 (2.15)

 

Лацио-Рома (сабота, 20.30 часот)

Големото градско дерби на Рим е празник за очи и нормално за уши од атмосферата што ја создаваат навивачите на двете екипи.

Лацио е со пад на формата и мака мачи да фати приклучок во горниот дел од табелата. За разлика од нив, Рома ја стабилизираше својата форма. Но, на дербито во Вечниот Град никогаш нема фаворит. Затоа мислам дека е најдобро да се одигра дека ќе има најмалку три гола на двете страни.

Предлог тип: ГГ3+ (1.86)

 

Реал Мадрид – Барселона (сабота, 20.45 часот)

Што и да се каже, сè е веќе кажано за најголемото дерби во светот. Реал сè уште го боли поразот во „Копа дел Реј“, но мислам дека имаат сили да се исправат пред новиот предизвик во Ел Класико.

Впрочем секогаш го прават тоа кога е најтешко. Барса, од друга страна, гази и ита кон нова титула во домашното првенство. Според мене, и двата тима имаат доста проблеми со одбраната и затоа овде ќе типувам да има најмалку два гола во прво полувреме.

Предлог тип: 2+ прво полувреме (2.18)

 

Лех-Арка (недела, 18 часот)

Овде немам дилеми. Лех е фаворит поради поквалитетниот тим, фанатичните навивачи и новиот тренер Адам Навалка, кој е поранешен селектор на Полска. Верувам во домашна победа најмалку со два гола во мрежата на гостинот од Гдиња.

Предлог тип: 1&Т1 (2.22)

 

Наполи-Јувентус (недела, 20.30 часот)

Уште едно дерби и уште едно од Италија. Наполи упорно се труди да задржи чекор со неприкосновениот Јувентус, но мислам дека титулата во Италија е можеби веќе и решена.

И да победи Наполи, предноста пак ќе биде недостижни десет бода за Јувентус. Мислам дека ќе гледаме тврд натпревар со малку голови. Затоа овде типувам од 0-2 гола.

Предлог тип: 0-2 гола (1.75)

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести